Блинкен: Иран ќе добие соодветен одговор за нападот врз танкерот „Мерсер стрит“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

САД официјално го обвинија Иран за нападот врз танкерот „Мерсер стрит” на 29 јули, што се случи во близина на Оман, при што загинаа двајца членови на екипажот.

– По прегледот на достапните информации, уверени сме дека Иран го изврши овој напад, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој додаде дека ќе следи „соодветен одговор”.