Бобан Илиќ се јавил во кумановскиот затвор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бобан Илиќ кој е осуден за смртта на четиригодишниот Алмир од Куманово, се јавил на издржување на затворската казна во затворот Кшање, информираат за ТВ21 од затворот.

Инаку вчера Основниот суд во Куманово донесе одлука со која тој веднаш требаше да почне со издржување на казната затвор. Случајот ја потресе јавноста во јуни 2016 година.

Првообвинетиот Бобан Илиќ, прво беше обвинет за убиство, а потоа делото беше преквалификувано во тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Судскиот процес беше по постојани тензии, а беа организирани и протести пред судот во Куманово и во Скопје.

Поради преквалификацијата на делото, оставка си поднесе министерот за правда Билен Саљији.