Бочварски: Доцнењето за нас е најнеповолната состојба која се случува при изградбата на патиштата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој вели дека доцнењето на проектите за нив е најнеповолна состојба.

„Доцнењето за нас е најнеповолната состојба која се случува при изградбата на патиштата, многу често патиштата ни чинат и до 60% повеќе отколку кога сме започнале да ги градиме. Најдобар пример е автпатот Кичево – Охрид“, истакна Бочварски.

Токму затоа една од причините зошто тие се обидуваат да најдат модел за изградба на патишта, е тоа да видат дали е возможно при една таква постапка да изберат некој поповолен начин за изградба.