Богоев: Наставниците согласни дека вакцината е гаранција за безбеден почеток на новата учебна година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев на својот Твитер профил објави фотографии од наставниците кои попладнево биле вакцинирани.

Тој им се заблагодари за одговорноста и за тоа што се грижат за јавното здравје и за новите генерации.

„Елена, Ирена и Александра се меѓу првите наставнички од Карпош кои попладнево беа вакцинирани. Согласни се дека вакцината е гаранција за безбеден почеток на новата учебна година, настава во училница, ходници со џагор, смеа, многу знаење и енергија. #ВакцинитеСпасуваатЖивоти“, напиша Богоев.