Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев вечерва во „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека МВР направила рамковна спогодба за 2 милиони обрасци.
Според него, досега се стигнати 1.700.000 обрасци.
„МВР и кога го правела планот, извадила податоци дека има 1.803.000 граѓани кои поседуваат патна исправа и направила рамковна спогодба за 2 милиони обрасци“, вели Бојмацалиев.