Борел: Европа се соочува со две војни и многу тензии кои можат да излезат од контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел денеска изјави дека Европа се соочува со две „брутални војни“ во близина на нејзините граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола.

Борел, говорејќи на крајот од Шуман форумот за безбедност и одбрана во Брисел, предупреди дека некои од овие кризи би можеле да ескалираат во голема глобална конфронтација „во време кога светот стана мултиполарен и мултилатералниот систем кој треба да го одржува мирот е длабоко ослабен“.

„Ние Европејците се соочуваме со две брутални војни во близина на нашите граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола – во Либија, во Сахел, на Западен Балкан, во Кавказ, во Судан, на рогот на Африка, на границите (Демократска) Република Конго, во Заливот, во Јужното Кинеско Море, во Јужна Азија, (и) бандите и наркокартелите во Латинска Америка и Централна Америка“, рече Борел.