Борис Џонсон открива: Путин ми се закани дека може да испрати проектил во В.Британија за една минута

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон откри дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканил со напад пред почетокот на конфилктот во Украина. Во февруари 2022 година, Џонсон и Путин телефонски разговарале, а тогашниот британски премиер му соопштил дека Русија ќе се соочи со санкции доколку ја нападне Украина, и го убедувал дека Украина нема да се придружи на НАТО во догледна иднина.

„Во еден момент ми се закани: ‘Борис, не сакам да те повредам, но за проектил би била потребна само една минута’. Зборуваше со опуштен тон и имав впечаток дека само се поигруваше со моите обиди да го натерам да преговара“, откри Џонсон.

Девет дена подоцна на 11. февруари во москва отпатува британскиот министер за одбрана Бен Волас. Тој подоцна кажа дека таму не добил уверувања дека Русија нема да ја нападне Украина.