Телата на три жени, за кои се претпоставува дека се во роднинска врска, биле пронајдени синоќа во куќа околу 19 часот со тешки повреди во градот Хартфордшир, а набргу по пристигнувањето на полицијата починале. Полицијата соопшти дека истражува „тројно убиство“ и дека активно се трага по 26-годишниот Кајл Клифорд, кој е осомничен за трите сторени дела.
Надлежните апелираа до граѓаните да не му приоѓаат на осомничениот доколку го видат, туку веднаш да повикаат полиција. Властите предупредуваат дека можеби е вооружен со самострел.
Се верува дека младиот човек е во областа Хартфордшир или во северен Лондон.
„Поради природата на инцидентот, ги повикуваме сите кои знаат каде се наоѓа веднаш да повикаат полиција. Доколку го видите овој човек, ве молиме не му приоѓајте, туку веднаш јавете ни се. Можно е да е вооружен“, соопшти полицијата.