Британската Влада го ажурира списокот на санкционирани – додадени 206 лица од Русија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На листата на британски санкции се додадени претседателот и косопственик на Лукоил, Вагит Алекперов, претседателот на Система, Владимир Евтушенков и поранешниот претседател на Руските железници Владимир Јакунин.

На веб-страницата на британската Влада денеска е објавена ажурирана верзија на документот, на која се вклучени уште 206 лица од Русија, Доњецк и Лугањск.

„Додека управува со Лукоил, Алекперов продолжува да ги користи предностите на руската Влада и/или да ја поддржува“, се вели во документот.

Воведувањето санкции се оправдува и со „стратешката важност на енергетскиот сектор“ за руската Влада.

Шефот на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“ Виктор Медведчук, исто така, се најде на листата на британски санкции.