Бројот на починати во САД од Ковид-19 двојно се зголеми за само два дена, сега има преку 2.000 жртви

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

САД регистрираше над 2.000 починати од коронавирусот. Бројката драстично се зголеми последните два дена, односно се искачи на двојно повеќе смртни случаи откако во четвртокот изнесуваше околу 1.000.

Сега САД е жариште на вирусот со преку 120.000 потврдени случаи.

Властите на САД планираат ставање на неколку градови во целосен карантин.