Бројот на загинати во лизгање на земјиштето во Индонезија се искачи на 23, потрагата по исчезнатите продолжува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Индонезиските власти соопштија дека пронашле уште 11 тела на жртви од лизгање на земјиштето, со што вкупниот број на загинати се искачи на 23, додека 35 лица се уште се водат како исчезнати, јавуваат локалните медиуми.

„Продолжува потрагата по исчезнати луѓе во традиционалниот рудник за злато во оддалечениот индонезиски округ Бон Боланго во провинцијата Горонтало“, објавија локалните медиуми Синар Харапан.

Националната агенција за помош за спасување соопшти дека досега се евакуирани 58 лица, додека 73 повредени се префрлени во локалните болници.

„35 лица се уште се водат како исчезнати“, се додава во соопштението.

Променливите временски услови го отежнуваат пристапот до местото на несреќата. Неколку мостови кои водат до местото беа однесени од поплави и лизгање на земјиштето.

За пренос на телата и повредените беа распоредени хеликоптери, бидејќи областа е недостапна за моторни возила, а на спасувачите им беа потребни неколку часа пеш да стигнат до свлечиштето.