Булеварот „Илирија“ далеку од ветеното, општината Тетово и градежната компанија во судски процес

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вака би требало да изгледа булеварот Илирија во Тетово. Овој проект што го гледате беше претставен како голем проект од општина Тетово на 17 март 2017 година. Заедно со ова шеталиште, градоначалничката на Тетово вети и зелена површина, 73 столбови за јавно осветлување, 12 фонтани со вода за пиење, 75 метални штитници за стеблата на дрвјата, 22 корпи за отпадоци, 32 конструкции за паркирање велосипеди и 233 дрвени клупи за граѓаните.

Но по три години, ова е глетката на булеварот во Тетово. Нема ништо од ветеното.

Општина Тетово во текот на 2016 објави тендер од 53 милиони денари со ДДВ, кого го доби компанијата ИР гРуп на јавен повик. Истата во текот на 2017 започна со работа. Општина Тетово потоа го измени проектот каде плочките од бекатон наместо еднобојни побара да бидат шарени, и објави нов тендер во вредност од 17 милиони и 830 илјади денари. Овој проект повторно го доби компанијата ИР Груп на 12 септември 2017.

Работите на крајот на 2017 беа прекинати и продолжија подоцна делумно.

Од општина Тетово велат дека со оваа компанија се во судски процес и тврдат дека го добиле истиот.

„Имавме судски процес кој заврши во наша полза, верувам да ја заокружиме оваа работа на крајот од годинава и го сметаме за проект кој ќе биде завршен. Всушност за неколку прашања бевме на суд бидејќи не се придржуваа до договорот и тоа е работа на судот а не да давам јас изјави, и резултатот е во полза на тој што треба, ние ќе продолжиме со работата со друга постапка. “, вели Арифи.

Поврзано со ова, од компанијата ИР ГРуп не сакаа да зборуваат пред камера, но изјавија дека општина Тетово во неколку наврати го сменила проектот  и не извриле исплата за завршените работи.

-Проектот на булеварот Илирија е сменет неколку пати, ние како компанија ги завршивме сите работи во потребното време но општина Тетово не изврши исплата навреме врз основа на договореното.-изјавија од ИР Груп.

ТВ21 праша и во судот во Тетово, но наши извори таму велат дека судскиот процес меѓу компанијата и Општина Тетово се уште првостепен и истиот не е завршен како што вели градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.