Белата куќа има 132 соби, 35 бањи, 412 врати и 28 камини, а беше спроведена голема акција за чистење пред да се вселат Џо и Џил Бајден.
Според владините договори објавени од Њузвик, чистењето чинело најмалку 127 000 американски долари. За тоа се погрижи Дидлејк, служба за чистење во Вирџинија, која вработува лица со попреченост.
Според Си-Ен-Ен, вкупните трошоци за чистење може да достигнат дури половина милион долари. Си-Ен-Ен открива засебни договори, вклучително и договор со компанијата за „услуги за дезинфекција од ковид 19 во Белата куќа“. Вредноста на овој бизнис е околу 29.000 долари.
Другите договори, за коишто не е конкретно кажано дека се поврзани со доаѓањето на семејството Бајден, вклучуваат дополнителни 44.000 долари за чистење тепих, 115.000 за обнова на подот и 30.000 за чистење завеси, пренесува SEEbiz