„Да се сугерира дека не се новинари во служба на нивната земја е глупост“ – Амбасадорката Агелер на средба со новинарите од ИРЛ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Амбасадорката на САД Ангела Прајс Агелер на својот профил на платформата „Икс“ информираше за средбата со новинарите од Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) денеска во просториите на Амбасадата.

Таа вели дека ја препознава нивната напорна работа со цел да ги информираат граѓаните на Северна Македонија

реклама

„Со задоволство денеска ја пречекуваме „групата“ на новинари, уредници и вработените во ИРЛ Македонија. Ја препознаваме нивната напорна работа, со цел да ги информираат граѓаните во Северна Македонија за да ги разберат настаните и силите кои ги обликуваат нивните животи“, напиша Агелер.

На официјалниот Фејсбук профил на американската амбасада во земјава пишува дека амбасадорката ги пречека новинарите на ИРЛ и им дала признание за нивната работа.

реклама

„Амбасадорката Агелер ги поздрави уредниците, новинарите и вработените на Investigative Reporting Lab Macedonia денес во Амбасадата на САД, и им одаде признание за напорната работа што ја прават новинарите во Северна Македонија и ширум светот, со цел да ги информираат граѓаните и да се уверат дека демократијата работи и испорачува за луѓето: „Истражувачкото новинарство е критика на општеството и темел на новинарството. Слободата на медиумите е од суштинско значење за граѓаните да ги разберат настаните и силите кои ги обликуваат нивните животи“, пишува во соопштението од амбасадата.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама