Дали Алтернатива ја ослабна албанската опозиција? Гаши: Имам посебна почит кон Алијанса за Албанците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На последните изборни циклуси Алтернатива заедно со Алијанса за Албанците се бореше да ја сруши актуелната Влада. Но, сега, кога партијата официјално стана дел од парламентарното мнозинство, партискиот лидер Африм Гаши вели дека во фокус треба да биде членството во ЕУ. Не смета дека албанската опозиција е ослабена.

-Дали мислите дека со вашето влегување во Влада ја ослабевте албанската опозиција?

-Дали ја ослабевме опозицијата или се ослабевме себеси е прашање кое треба да се разгледа сериозно, бидејќи може да имаме позитивен одговор на двете прашања. Но, кој е интересот на Алтернатива и на државата во овој момент? Дали треба да размислуваме земјава да ги почне преговорите со ЕУ или да останеме таму каде беа прекршени одредени начела?!

Гаши додава дека сѐ уште има посебна почит кон Алијанса за Албанците.

-Веќе сте дел од Владата. Што имате да им кажете на Алијанса за Албанците и на Беса?
-Ние со Алијанса за Албанците чекоревме заедно. Заедно поминавме два изборни циклуси, имам посебна почит кон нив, како и кон експонентите на партијата и сите гласачи. Посакувам засекогаш да остане таа енергија која постоеше меѓу нас.

Пред неколку дена, преку соопштение за медиумите од Алијанса за Албанците рекоа дека Гаши со средбите што ги одржал со Заев го прекршил договорот кој го имале, но од Алтернатива одговорија дека тие немаат пушка за Алијанса.