Дали ќе поскапи струјата? Бислимовски: Нема да дозволиме ценовни шокови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, одговори на прашањето дали може да се очекува поспакување на електричната енергија.

„Во однос на цената на струја, донесена е одлука на Владата, цената на која ЕСМ и понудил на универзалниот снабдувач 60 евра од мегават час, и ќе се обезбедат 85% струја за малите потрошувачи, вклучувајќи ги малите домаќинства. Во изминатите години не дозволивме да има ценовни шокови, така да и сега со сите механизми кои ни се на располагање ќе ги искористиме да не предизвикаме никакви ценовни шокови, водејќи сметка за стандардот на граѓаните. Но, да почекаме да заврши тендерот, универзалниот снабдувач ги прави пресметките, и ќе ги достави до Регулаторната комисија. По завршување на тендерот ќе имаме поточни информации“, рече Бислимовски и додаде:

„Правиме напори и анализи да бидеме прва земја во Европа да има три часа евтина струја во текот на денот“, кажа Бислимовски кој рече дека е изненаден од цената од 60 евра од ЕСМ.