Дали министерот Бочварски спрема документација за автопат Гостивар – Кичево?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека се спрема документација за автопат Гостивар – Кичево.

„Да, тоа е документација која се подготвува во две фази. Првата е Кичево – Букојчани за која се работи проектна документација за автопатско решение. А втората делница од Букојчани до Гостивар, и од Гостивар до Тетово е ставена во меморандумот за соработка, којшто веќе го потпишавме со американската компанија Бехтел Енка“, порача Бочварски.