Дали одлуките на Владата се делегираат од Мала Речица? Ковачевски: Одлуките на Владата се носат само на седница на Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека за да се донесе некоја одлука, се оди по изим во Мала Речица па се прават политички потези.

На модераторско прашање за тоа дали одлуките на Владата се делегираат од Мала Речица, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори премиерот Димитар Ковачевски.

Тој посочи дека одлуките на Владата се носат само на седница на Влада.

„Прво, одлуките на Владата се носат само на седница на Влада. Сите одлуки на Влада се стенограмски забележани и сите записници од Владата се достапни за јавноста бидејќи ова е најотворената Влада“, вели Ковачевски.