Дали Преспанскиот договор ќе биде загрозен доколку не добиеме почеток на преговори со ЕУ?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дали Преспанскиот договор ќе биде загрозен доколку не добиеме почеток на преговори со Европската Унија?

На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговор ни даде вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој смета дека тоа е многу опасна теза.

„Ако тврдиме дека Преспанскиот договор е направен без да предизвика резултати бидејќи тоа не одговара на вистината. Ние откако го направивме Преспанскиот договор ни се отворија многу врати. Прво ни се отвори вратата за членство во НАТО, а ако некој се обиде да релативизира и да каже ‘па што е важно дали сме членка на НАТО или не’ јас би одговорил со едно многу просто прашање ‘ако не е важно зошто Финска и Шведска бараат да бидат членки на НАТО?’ Зошто такви развиени држави кои што се пример/модел за многу прашања, би барале да бидат членки на НАТО“, порача Маричиќ.

Тој вели дека токму таа врата ни ја отворил Преспанскиот договор.

Во продолжение целата изјава: