Талат Џафери од ДУИ, бара да се создаде заедничка платформа од албанските партии за избор на премиер Албанец, а по изборите кандидатот предложен за премиер, кој според него ќе биде над партиски, да го поддржат сите.
„Апелирам да создадеме заедничка платформа и заедно по изборите да излеземе во поддршка на тие кои го обезбедиле потребното мнозинство.“, рече Џафери.
Но, пред неколку дена, во Клик Плус, Артан Груби изјави дека ДУИ ќе го објави името тогаш кога ќе одлучи партијата и дека испратиле писмо до сите универзитети и академици да предложат име за кандидат за премиер.
„Името ќе го кажеме тогаш кога ќе одлучиме.
Денеска подготвивме писмо кое ќе го испратиме до сите Универзитети, академици, Невладините организации и сакаме да ги вклучиме во процесот, да излеземе со заедничко име, сите да предложат имиња до нас и заедно да го избереме кандидатот.“, рече Груби.
Џафери рече дека Груби може да зборува само за внатре партиските прашања, бидејќи тој не е на избирачка листа за пратеник.
„Артан Груби всушност не е на избирачка листа и не може да зборува за тоа што ќе се случи во одредена институција, каде ќе бидам претставен и како член на политичкиот субјект, но и на тамошното албанско гласачкото тело.“, изјави Џафери.
Од Движење Беса вчера рекоа дека ова идеја е само маркетинг реторика која и служи на една партија. Од Алијанса за Албанците велат дека граѓаните се изморени со лагите и демагогијата на ДУИ. Пред неколку дена на социјалните мрежи како кандидат беше спомнат бизнисменот Љазим Дестани, но сепак тој јавно демантираше и порача дека воопшто не размислува да се вклуи во политиката.
