Данскиот крал го отвори првиот дел од подводниот тунел што ја поврзува Данска со Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данскиот крал Фредерик X денеска го отвори првиот дел од идниот железничко-патен тунел во должина од 217 метри, чија вкупна должина ќе биде 18 километри и кој ќе ја поврзува јужна Данска со северна Германија под Балтичкото Море.

Тоа ќе биде најдолгиот подводен железничко-патен тунел во светот, а појасот Фемарн се очекува да биде отворен за сообраќај во 2029 година.

Се очекува дека автомобилите ќе можат да го преминат Балтичкото Море за 10 минути по четири ленти, а возовите за седум минути, пренесува АП.

Подводниот тунел ги поврзува јужниот дански остров Лоланд и северниот германски остров Фемарн, а одлуката за негова изградба е донесена во 2011 година.

Работата на данската страна започна во јули 2022 година, а на германската страна една година подоцна.

Тунелот ќе се состои од 89 бетонски елементи кои се градат во посебен објект во Лоланд, а првиот елемент е излеан во мај.

Појасот Фемарн ќе чини 7,38 милијарди долари, а неговата изградба е финансирана од Данска.

Данската влада подоцна ќе одлучи за наплатата на патарините за тунелот.