Дармановиќ: Ако овој тренд на Балканот продолжи, ќе се случуваат работи како со нон-пејперот и уназадување на Западен Балкан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екс министерот за надворешни работи Срџан Дармановиќ, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за „нон-пејперот“ на Јанша. Покрај него, дебатираме и со екс претседателката на Хрватска Јадранка Косор, уредникот на РТСловенија Вања Вардијан и со дописникот на РТС од Брисел Душан Гајиќ.

Дармановиќ истакна дека очекува силен ангажман на ЕУ и САД во регионов.

„Би рекол дека ова е последната шанса за еден силен ангажман на Европската Унија во нашиот регион и секако на Соединетите Американски Држави кој верувам дека нема да изостане. Ние како земја без разлика што не бевме најдобри студенти во класата на европското проширување, би рекол дека Европската Унија не доволно активно одговори на некои иницијативи и некои достигнувања кои стигнаа од овој регион. Да се потсетиме само дека по договорот на Северна Македонија со Грција, следуваше еден доста неверојатен потез, дека и Северна Македонија и Албанија се де факто, ако не спречени тогаш значајно запрени на патот кон Европската Унија, а во сите останати земји дојде до некаков застој“, рече Дармановиќ.

Дармановиќ смета дека за ЕУ политиката на проширување е ставена на резерва, нешто за кое треба да се чека.

„Европската Унија просто покажа еден вид на незаинтересираност, би рекол дека политиката на проширување е ставена во некој вид на резерва, нешто за што треба да се почека. Таквите политики секогаш се враќаат како бумеранг, не постои вакум во геополитичките случувања, ако вас ве нема ќе скокне некој друг.  Тоа на Балканот се случувало во изминатите неколку години, а се случува и денес како што гледате. А тие другите, односно третата страна, третите играчи кои не припаѓаат на демократскиот свет просто сакаат да осуетат две работи, проширувањето на НАТО на Западен Балкан или довршување на проширувањето на НАТО на Западен Балкан, а на крај жот на краиштата би рекол и на европското проширување. Просто се сака Балканот да се задржи во една состојба на перманентна криза со низок интензитет во која сите трговии и политики се возможни. Мислам дека доколку ова како тренд продолжи, ќе се случуваат вакви работи како што е оваа епизода со нон-пејперот, ќе се случува уназадување на Западниот Балкан и време е со една интеракција и дипломатска акција да не се допушти враќање назад“, вели Дармановиќ.