Телевизиската дебата меѓу кандидатите за претстојните претседателски избори во САД, Камала Харис и Доналд Трамп, ја следеле 57,5 милиони гледачи на седум различни телевизиски канали, објави денеска Ројтерс.
Претходната кандидатска дебата во јуни, кога учествуваа Трамп, а потоа и демократскиот кандидат и американски претседател Џозеф Бајден, ја следеа околу 51 милион гледачи.
Нилсен, компанија која ја следи гледаноста, ги вклучи само гледачите кои ја следеа дебатата на телевизија, но не и оние кои го следеа дуелот меѓу двајцата кандидати преку преноси во живо и на други интернет платформи.