Демири, седми член на ДИК – ВРЕДИ: Почнаа победите пред да почнат изборите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уште пред да почнат изборите почнаа победите на опозицијата. Вака велат од Европскиот сојуз за промени, откако вчера на собраниската седница Абдуш Демири е избран за седми член на државната изборна комисија како кандидат на опозицијата. Блерим Сејдиу од коалицијата ВРЕДИ вели дека оваа победа е постигната со притисок на граѓаните и меѓународните партнери како САД и ЕУ. Тој посочува дека само пет пратеници од Села и двајца од Левица не гласале за Демири.