Деспотовски: Започнуваме со креирање на тимот на СДСМ – не ни требаат готови, туку чесни кадровски решенија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски го повикува членството и сите граѓани да достават свои предлози за идните носители на функции во партијата, но и во државата.

-Време е заедно да го креираме новиот тим на СДСМ. Ги поканувам сите членови на СДСМ, но и сите наши сограѓани да достават свои предлози за тоа КАКОВ заменик на Претседател, Генерален секретар и потпретседатели ни се потребни. Какви особини, карактер, биографија треба да имаат. На СДСМ и државата не и требаат готови, туку чесни и успешни кадровски решенија, напиша Деспотовски на неговиот официјален фејсбук профил.

Тој посочи дека започнуваат со практична реализација на еден од основните столбови на #Концепт28. Лојалност кон луѓето, не кон лидерот.

Еден од главните принципи на програмата „Концепт 28“ на Деспотовски е воведување директен избор на претседатели на општинска организација, кандидати за градоначалници, пратеници и повисоки партиски функции преку непосредно гласање на членовите.