Ова е Никола од Струмица. Пред девет години останал целосно неподвижен како последица на автомобилска несреќа. Сега има 36 години, но од тој кобен ден, ниту може да зборува, ниту пак да се храни сам. Неговата мајка вели дека веќе не може да поднесе да го гледа во таква состојба. Таа раскажува за најголемиот сон на нејзиниот син.
Мара вели дека Никола мора да замине на лекување во Русија. Неколкупати со помош на хуманите луѓе успеале да го однесат на терапија во Русија, но како што вели таа, има потреба од уште терапии.
Таткото на Никола е земјоделец, но кога разговаравме со семејството тој не беше дома, бидејќи бил на нива да работи. Семејството зема социјална помош и нега 11 илјади денари, средства кои не се доволни ниту за лекување на Никола, ниту пак за посебната исхрана на која мора да се придржува. Наредната терапија на која Никола мора да замине чини околу 20 илјади евра. Мајка му Мара, бара помош од хуманите луѓе, за како што вели, да може барем уште еднаш да го види својот син да зборува и исправен на нозе.
