Џафери: Добро е што Заев не се повлече до сега, има одговорност да ги води институциите, имаме сериозни предизвици

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери гостува вечерва во дебатниот магазин на „Click Plus“ каде се разговара околу оставката на премиерот Зоран Заев.

Според Џафери, тоа е одлука на СДСМ.

„Ние завршивме со локални избори. Технички функционираше се како треба за овој период, од моментот на распишување на избори. Владата донесе одлука за енергетска криза, имаме мигрантска криза и имаме пандемија. Од 27 септември Собранието нема одржано седници. Сега влегуваме во нова ситуација кога не знаеме кога и како ќе се заврши. Институциите треба да функционираат нормално. Ова е враќање назад. Правиме еден чекор напред, два назад“, истакна Џафери.

Тој додава дека Заев нема проблем да се врати, затоа што службено нема поднесено барање за оставка.

„Заев направи добро што не се повлече. Ова го кажувам како дел од актуелното мнозинство. Не треба да се води од моментални емоции. Треба да се координира и да продолжи да ги води институциите. Не треба да носи емотивни одлуки, има одговорност да ја води Владата“, порача Џафери.

Џафери, исто така, кажа дека доколку не успее гласањето на недоверба на Владата, во наредните 90 дена нема да може да има повторно гласање на недоверба.