Џафери: Нема да го следам примерот на Бугарија да свикам седница за односите меѓу двете земји

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на собранието Талат Џафери нема намера да свика седница во врска со инцидентите кои ги нарушија дипломатските односи на двете земји и нема да го следи примерот на бугарското собрание.

Џафери смета дека нема потреба да го свика на брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи, бидејќи, како што рече, министерот секогаш доаѓал на комисии и сите одговори во врска со Бугарија можел да ги даде таму.

Околу седница за уставни измени, Џафери сега ги пролонгира за јуни-јули, откако претходно кажа дека би можеле да се случат на почетокот на годинава.