ДИК ги сумира податоците, вечерва ќе одржи уште една прес конференција за денешниот изборен ден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија ги сумира податоците од денешнто гласање на болните, изнемоштени, лицата во затвор или притвор како и болните од ковид-19 по што ќе одржи прес конференција за медиумите.

На прес конференијата се очекува да бидат соопштени информации за тоа како помина денешниот изборен ден.

На прес конференцијата во 12 часот, ДИК информираше дека нема регистрирано нерегуларности.

МВР вечерва објави дека во Делчево се повикани две лица на информативен разговор откако едното на другото му дало 3.000 денари во замена за глас на локалните избори.

ТВ21 во живо ќе ја пренесува прес конференцијата на нашите платформи.