Димитров смета дека Вархеји има негативна улога во спорот со Бугарија – „Помалку да ни „помагаше“ – веројатно полесно ќе го решевме“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров вчера во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 посочи дека имал невидени расправии со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Имаме комесар кој што помалку да беше вклучен во прашањево, помалку да ни „помагаше“ – веројатно полесно ќе го решевме, можеби ќе беше затворен за време на германското претседателство. Затоа што ставаше паралелни предлози со Берлин, различни, кои што беа повеќе на линија кон бугарските позиции, а притоа неговите позиции немаа поддршка од многу земји членки… И на тој начин ги компромитираше предлозите на претседателството и тоа се случи и со Германија, а се повтори и со Португалија“, вели Димитров.

Според него, Вархеји има негативна улога во решавањето на спорот со Бугарија за нас, што е неверојатен парадокс бидејќи по дефиниција – комесарот за проширување е нашиот најголем пријател.