Димовски: Штетно за демократските процеси би било Алијанса да стане дел од Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илија Димовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека штетно за демократските процеси би било Алијанса за Албанците да стане дел од Владата.

„Станува збор за обид на власта да ги смири состојбите внатре во себе, и СДС има одредени раслојувања – старо раководство, ново раководство, една фракција во партија, една фракција во Влада и.т.н. Кај ДУИ веќе еклатантно има проблеми со дел од пратеничката група, а бројката на пратеници е ограничена“, вели Димовски.

Според него, влезот на Алијанса во Владата ќе биде од полза на СДСМ и ДУИ.

Во продолжение целата изјава: