„Доколку ЕУ донесе одлука дека со промена на законот за патни исправи нема никакви негативни импликации, истиот ќе биде изгласан“, вели Бојмацалиев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Доколку Европската Унија донесе одлука дека со промена на законот за патни исправи нема никакви негативни импликации на патот на Македонија кон ЕУ, истиот ќе биде изгласан“.

Ова вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 го истакна заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Законот се однесува на продолжување на важноста на пасошите со Република Македонија.