До редакцијата на ТВ21 пристигнаа фотографии од долги редици утрово пред спортската сала „Борис Трајковски“
Граѓаните го чекаат доделувањето на ваучерите за инвертер клими од страна на Министерството за енергетика, ридарство и минерални суровини.
Според информациите, се доделуваат ваучери за вкупно 6 182 домаќинства.
Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23 000 денари или 25 000 денари се 4 591 домаќинствo, а преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30 000 денари се 1 591 домаќинство.
Доделувањето на ваучерите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одвива од 9 до 17 часот, а во Битола во спортската сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот, додека за останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.