Претседателските избори во САД се далеку од одлучување, но се чини дека Доналд Трамп е блиску до победата, пишува „Би-Би-Си“, откако републиканскиот канидат победи во две клучни држави.
Трамп победи во Џорџија, држава која што му беше „одземена“ од Бајден на минатите избори. Беше прогласен за победник и во Северна Каролина.
Со освојувањето на Џорџија, и зададе голем удар на кандидатката од Демократската партија, Камала Харис.
Трамп води и во Пенсилванија, Мичиген, Висконсин и Аризона.
Повеќето држави традиционално се повеќе наклонети кон демократите или републиканците и таму победникот е однапред познат, така што во фокусот на кандидатите обично се оние сојузни држави каде што секој кандидат би можел да победи, т.н. свинг држави.
Годинава имаше седум „свинг“ држави – Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Мичиген, Аризона, Висконсин и Невада.
Трамп во моментов има 246 од 270 електорски гласови што му се потребни за да победи.