ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ВО ЧЕШКА: Осум војници ранети во експлозија, има мртви

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Чешки војник загина денес во експлозија на муниција во воениот камп Либава во градот Оломуц на истокот од земјата, а осум лица се повредени, соопшти чешкото Министерство за одбрана.

Како што се наведува, муницијата експлодирала за време на планираната пиротехничка обука.

– Повредени се седум професионални војници и еден цивил. За жал, еден војник починал на лице место – соопшти Министерството. Во соопштението се додава дека воената полиција покрена кривична постапка во врска со овој инцидент, чешката ТВ24 објави дека министерката за одбрана Јана Чернохова, која го посети воениот полигон (ОДС), изразила сочувство до семејството на загинатиот војник и објавила дека се работи за трагична несреќа која нема врска со меѓународната ситуација.

-Имав можност да разговарам со двајца ранети војници. Никој од повредените во воената болница Оломуц не во животна опасност – изјавила Чернохова на платформата Икс.

Таа не даде повеќе информации за истрагата која е во тек.

-Истрагата ја води воената полиција бидејќи несреќата се случила во воен реон. Штом имаат некаква информација ќе ја информираат јавноста. Во овој момент, сепак, нема индиции дека се работи за некаква саботажа – додаде министерот.

Воениот округ Либава е полигон за професионални војници, активни резервисти и доброволни воени вежби. Украинските војници таму се обучуваат како дел од мисијата за помош на Европската унија за Украина.

Минатата година Чешка заедно со Полска обучуваше повеќе од 4.000 од нив, а мандатот за исто толку украински војници беше одобрен и за оваа година.