Државниот врв со честитки за Курбан Бајрам, Сиљановска и Мицкоски повикаа да се работи заедно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во честитката упатена до ИВЗ, претседателката Гордана Сиљановска Давкова посака празникот да донесе радост и мир а напиша дека Курбан Бајрам ја истакнува милоста, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи не на хумани дела и поддршка за сите на кои им е потребно.

-Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани,, рече Гордана Сиљановска Давкова, претседателка.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во својата честитка напиша дека сцената со таткото на монотеизмот, Ибрахим и неговиот син, не само што е најтрогателната сцена во историјата, туку е и нај импресивен настан во однос на подготвеноста на човекот да жртвува и да биде жртвуван за едно ветување и за вечните вредности

А имајќи ги предвид сите оние татковци на нашата земја и нашиот народ, кои со своето дело изразено на јазикот на овој празник, со својата жртва, ни овозможија достоинствен и мирен живот, посакувам на овој празник да бидете на семејните трпези, честитајќи и гушкајќи ги најблиските, грижејќи се за сиромашните и солидаризирајќи се со оние на кои не им треба само леб, туку и насмевки, изјави Африм Гаши, претседател на Собранието.

Честиташе и техничкиот премиер, Талат Џафери како и идниот, мандатарот Христијан Мицкоски.

-Големиот празник Курбан Бајрам, нека биде причина за собирање околу семејното огниште, за споделување на радостите, успесите, меѓутоа и грижите и проблемите, затоа што семејството е суштинското јадро и клетка од која почнува и се гради здраво општество со позитивни вредности и стандарди, изјави Талат Џафери, технички премиер.

-Овој голем празник е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање и толеранција како суштински услови за соживот и мир. Затоа ве повикувам сите заедно да започнеме, надминувајќи ги заеднички сите проблеми, да ја градиме Македонија врз европски вредности и принципи. Дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин без разлика на неговата етничка или верска припадност, темели за развој и просперитет на нашата држава.
Честитки за празникот упатија лидери и претставници на политичките партии. Денешниот ден е неработен за сите верници од исламска вероисповед на Северна Македонија, рече Христијан Мицкоски, мандатар.