„ДУИ и СДСМ се вмешани во расколот во АА“ – Мицкоски потресен од однесувањето на партиите на власт

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ДУИ и СДСМ се директно вмешани во поделбата на АА. Вели дека е потресен од однесувањето на партиите на власт кон партија која има внатрешни проблеми.

СДСМ моли во Приштина и Скопје Албанците да не излегуваат со свои кандидати со цел тие да го поддржат нивниот кандидат, вели Мицкоски.

Мицкоски рече дека би било неполитички и недемократски албанските партии да не излегуваат со свои кандидати. Тој додаде дека во име на демократијата треба да има повеќе кандидати за претседател.