ДУИ прашува, дали сте подготвени? Меџити: Додека одат по паметот на Груби, работата не им е добра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Раководството на ДУИ одржа состанок во седиштето на партијата во Мала Речица. Ние сме тука и подготвени сме напишаа на заедничката фотографија што ја објавија по состанокот, а потоа, на социјалните мрежи се појавија и други фотографии со кои упатија прашање, Дали сте подготвени?

Го прашавме првиот вицепремиер Изет Меџити дали се подготвени за најавите на ДУИ.

Од друга страна пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски вели дека постои тајна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овие ставови ги базира на соработката меѓу двете партии за усвојување на два различни закона, тој за организарање на органите на Владите и законот за локална самоуправа, за кои, беа потребни најмалку 80 гласа во Собрание. Не би се изненадил доколку ДУИ стане дел од владата.

Веднаш стигна одговор од ВМРО-ДПМНЕ. Му порачаа на Спасовски да не се грижи бидејќи нема да им ја земат ДУИ.

Инаку како што изјави лидерот на АА, дел од ЕФ, Зијадин Села, тој очекува заедно со локалните избори следната година да се одржат и парламентарни избори. Дури како што вели, ова ќе го иницира самата ВМРО-ДПМНЕ.