Двајцата пациенти од Клиниката за пластична хирургија одат на домашно лекување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека денеска ќе бидат отпуштени, на домашно лекување, двајцата пациенти кои пред неколку дена пристигнаа на скопските клиники од софиската болница „Пирогов“.

„Двајцата хоспитализирани пациенти на Клиниката за пластична хирургија денес ќе бидат испишани на домашно лекување, тие се во добра здравствена состојба“, посочи Филипче.

Тој додава дека за нив ќе продолжи третманот во делот на психолошка поддршка.