Една авиокомпанија ги намалува летовите од и до Скопје, друга целосно ги укинува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Авионската компанија „Кроација Ерлајнс“ ќе го намали бројот на летови на одредени линии до крајот на јуни, затоа што авиопревозникот се бори со недостаок од флота. Ќе бидат погодени услугите од Загреб до Дубровник, а исто така ќе бидат намалени летовите од Загреб до Скопје.

Летовите од и до македонскиот главен град ќе се одвиваат осум пати неделно, наместо сегашните девет. Авиокомпанијата отстрани 12 неделни летови од својата мрежа во Загреб од средината на јуни.

Од друга страна нискобуџетната авиокомпанија „Изи Џет“ планира да ги прекине летовите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25. Авиокомпанија го закажа последниот лет меѓу двата града за 1. ноември. Продажбата на билети птооа е прекината. Нејасно е дали компанијата ќе ги обнови летовите во 2025 година.

Како и секоја година, „Пегасус“ ја зголемува фрекфенцијата на летови од Скопје до Истанбул, пред се поради летните одмори, и се почестите посети на граѓаните на познатите турски туристички центри. Од осум лета недолно, најпрво ќе бидат зголемени на девет, а во август и десет неделно. Со тоа оваа авиокомпанија ќе има вкупно 19 услуги до Скопје, односно десет до Истанбул, четири неделни од Измир и обратно и пет од и до Анталија.