Едночасовен мирен собир во Кочани во знак на почит кон загинатите и поддршка за повредените!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Кочани граѓаните се собраа и во Паркот на Револуцијата организираа едночасовен мирен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените.

Собирот беше во 15 часот, а на истиот немаше официјален говор.

Со пораки испишани на транспаренти, тие кажаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај.

„Сите загинати и повредени ги чувствуваме како наши деца. Со длабока болка тагуваме поради несреќата што се случи и им даваме поддршка на нивните родители и блиски да имаат сила да го издржат сето ова. Очекуваме целосно разоткривање на причините и виновниците кои ја предизвикаа оваа страшна трагедија и градот го завија во црно. Истовремено, се молиме повредените дечиња што побрзо да закрепнат и да се вратат дома“, истакна учесник на собирот.