Екипите на ЈПОЗМРП Скопје – “Македонија Пат”: Подготвени сме и ја следиме ситуацијата на патиштата и превоите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екипите на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на Магистрални и Регионални патишта – Скопје, будно ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои. Навремено се превземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег.

„Воедно упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.“.