Естонската премиерка Каја Калас ќе го замени Јенс Столтенберг во НАТО

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Актеулната премиерка на Естонија, Каја Калас ќе биде замената за Јенс Столтенберг, и ќе стане нов генерален секретар на НАТО. Калас ја доби поддршката од САД, Франција, Германија и Обединетото кралство, со што стана првата жена од источна и централна Европа која ќе ја води Алијансата.

До неодамна прв фаворит за замена за Столтенберг беше Марк Руте. Руте наводно отпаднал поради лошото досие на Холандија за трошоците за одбраната.

Калас се промовираше за потенцијален заменик на Јенс Столтенберг уште во 2022 година. Под нејзино водство Естонија ги зголеми трошоците за одбраната на 3% од БДП за 2024-2027, и земјата е една од најголемите донатори по глава на жител во Украина.