Министрите на ЕУ официјално ги поддржаа построгите цели за намалување на загадувањето на воздухот од 2030 година, во обид подобро да ги заштитат луѓето и животната средина.
Околу 300.000 смртни случаи годишно во ЕУ може да се припишат на здравствените последици од загадениот воздух, што го прави „најголем ризик по здравјето на животната средина во Европа“, соопшти ЕУ.
Новите ограничувања ќе важат за честичките ПМ10 и ПМ2,5, азот диоксид и сулфур диоксид, кои предизвикуваат респираторни проблеми.
Граѓаните ќе имаат право на отштета доколку се разболат поради непочитување на граничните вредности, се вели во соопштението.
Членките на ЕУ можат да побараат одложување на рокот до 2030 година, но под одредени услови. Новите ограничувања се дел од договорот меѓу претставниците на Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ постигнат во февруари.
Членките на ЕУ имаат рок од две години да ги пренесат новите правила во националното законодавство. Земјите кои нема да ги почитуваат ограничувањата може да бидат казнети.