Сончевото и топло време низ Македонија продолжува и во следните денови, а во 8:30 часот во Дојран беа измерени 24 степени.
Најладно беше во Лазараполе каде беа измерени 13 степени, во Маврово и Берово 14 степени, Попова Шапка 16.
После Дојран, најтопло беше во Гевгелија, Велес и Кавадарци, каде беа измерени 23 степени.
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 39 степени.