Најава за средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев засега нема. Двајцата се во Будимпешта каде се одржува Самит на Европската политичка заедница. Од претходно се очeкуваше дека домаќинот, унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе ги седне двајцата на иста маса за да се изнајде начин за деблокада на евроинтеграцијата.
„Остануваме на ставот, како што кажа и претседателот Мицкоски, дека е подготвен за разговор во секое време, со секого, се со цел да се стигне до крајот на целта“, вели Марија Митева.
Премиерот на Самитот е придружуван од министерот за европски прашања Орхан Муртезани. На Самитот присуствуваат лидери од сите земји од Европа, меѓу кои и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Челниците на Европската Унија истакнаа дека фокусот е на енергетската независност, но и на одбранбената подготвеност, особено по последниот безбедносен Извештај на Унијата.
„Сакаме да ги развиеме нашите одбранбени капацитети, сакаме да ја зајакнеме нашата одбранбена подготвеност“, вели Шарл Мишел.
„Да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети и инвестиции, за да бидеме подготвени“, вели Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен претходно го презентираше одбранбениот Извештај, во кој се препорачува граѓаните на Европската Унија да складираат неопходни работи во случај на војна или друга голема вонредна состојба.