Европските Зелени побараа да се изврши притисок врз Бугарија за повлекување на ветото за преговори со Северна Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жителите на Лока блокирани со недели – рушење на објект го затвори селскиот пат

Поради рушење на овој објект, жителите на селото Лока, Сарај, се блокирани со недели. Полицијата не дозволува мештаните да поминуваат...

Повторно зголемен бројот на заразени – „Фајзер“ го испрати договорот, вакцините пристигнуваат во март?!

За 56% е зголемен бројот на новозаразени со Ковид 19. Најпогодени се лицата на 60 годишна возраст а најголем...

Позајмуваме 700, за да вратиме 500 милиони евра – остатокот од осмата еврообврзница за лекови и вакцини

Македонија се задолжи за нови 700 милиони евра. „Ќе се врати долгот по основ на третата еврообврзница издадена во 2014...

МАНУ детектираше британски сој на коронавирусот и кај вториот од пациентите кои патувале во Занзибар

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред...

Продолжуваат напорите за „крадење“ пратеници – 90 дена мир за Заев, ако опозицијата не обезбеди мнозинство

Еден ден откако ја доби довербата на 62 пратеници од мнозинството, премиерот Зоран Заев вели дека е среќен. Верува...

Европратеничката од групата на Зелените во Европскиот парламент, Тинеке Стрик, ја искористи дебатата со португалскиот премиер да побара да се изврши притисок врз Бугарија за повлекување на ветото за преговори со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешната пленарна дебата на Европскиот Парламент со португалскиот премиер, Антонио Коста, целосно изостана темата за проширувањето и преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Португалија претседава со ЕУ од први јануари до 30 јуни оваа година. Премиерот Коста утрово ги изложи приоритетите на неговата земја за следните шест месеци, но не го спомена проширувањето.

Пратеничката Тинеке Стрик меѓутоа побара експресно од Коста да изврши притисок врз Бугарија.

-Наметнавме услови кои Северна Македонија направи сѐ за да ги исполни сите, но една земја блокира, итно барам од вас да извршите притисок врз Бугарија да го повлече ветото и да се врати кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, изјави Стрик.