Филипче на средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо со цел забрзување на процесот за испорака на вакцините

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил истакнува дека денеска остварил средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На средбата било разговарано забрзување на испораката на вакцините од производителот Синофарм.

Според најавите од надлежните, се работи за 200 илјади вакцини кои треба да пристигнат до крај на месецот.