Филипче: Викендов ќе анализираме, понеделник ќе одлучиме дали ќе има потреба од нови рестрикции

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Сител телевизија, по најавата на премиерот Зоран Заев дека во понеделник ќе заседава главниот кризен штаб, истакна дека викендов ќе се анализира состојбата за коронавирусот, а во понеделник ќе се одлучи дали има потреба од нови рестриктивни мерки.

„Ќе ги реферираме анализите коишто важат за двонеделните процеси во деновиве што се пред нас и врз основа на тоа ќе се носат одлуки“, истакна Филипче.