Финансиска помош од 1,5 милијарди евра за Украина најавени на донаторска конференција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Група од 26 држави ветија 1,5 милијарди евра помош за зајакнување на одбранбените воени капацитети на Украина во војната против Русија, изјави денеска данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков кој учествува на донаторската конференција што се одржува во Копенхаген.

Претходно украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко соопшти дека Украина до септември ќе добие  4,5 милијарди долари помош од САД, и тоа три милијарди овој месец и уште 1,5 милијарди во септември.

Средствата ќе бидат искористени за „критично важни плаќања”, вклучително исплати за здравствена заштита и пензиии, појасни Марченко. Тој прецизираше дека парите што ги очекуваат во Киев се дел од пакетот финансиска помош од 7,5 милијарди долари што САД и Украина го договорија на почетокот на летото.